ШоуБиз

Деми Мур наоѓа утеха во алкохолт, за жал…

Откако доста помладиот сопруг Ештон Качер ја изневери со Сара Лил, Деми Мур колку и да се труди, не може да премине преку последниците од неверството. Од ден на ден тоа остава сè поголеми траги и на нејзината психа и на нејзиниот изглед.

За тоа колку ја погоди случката Деми, зборува и нејзиниот физички изглед. Станува сè послаба и понеуредна. Едноставно тоне. За тоа е крива депресијата и разочарувањето во однесувањето на сопругот.

Еден нејзин близок пријател тврди дека по аферата, Деми се оддала на алкохол и гладување и дека под итно ѝ треба помош. По сè изгледа Мур се труди да му го привлече вниманието на Ештон и да му даде на знаење колку таа пати.

–        Денот ѝ се сведува на алкохол, цигари и енергетски пијалоци. Од кога дозна за неверството нема изедено ниту еден цел оброк, само по два-три залаци и тоа е сè, – изјави блискиот на Деми извор за ОК Магазинот.

Напиши коментар