Иако неодамна го објавија својот развод, Деми Мур и понатаму не може да си го промени презимето.
На Твитер, актерката сеуште е во брак и се презива Качер.
– Менувањето имиња моментално и не ми е приоритет. Нека ми простат сите на кои ова им пречи. Зарем треба да престанам и Твитер да користам додека не си го променам презимето? Зарем тоа е толку важно?, – напишала Деми.

А, можеби на актерката сеуште ѝ е рано да се помири со фактот дека после шест години, повеќе не се презива Качер.

