← НАЗАД НА БОЗА

Десет идеи како да направите фризура за десет минути

Десет идеи како да направите фризура за десет минути
3091 Читања

Што може да направите од својата коса за 10 минути? Можеби мислите дека тоа не е доволно време за да направите фризура но не сте во право. Погледнете.

Лабава плетенка на страна

За жени кои имаат полудолга и долга коса, ова дефинитивно е една од најдобрите опции за фризура. Плетенка на страна во моментов е во мода. Ако сакате плетенката да изгледа што полежерно, исплетете ја што полабаво и на крај од неа извлечете некој тенок прамен. Освен тоа, плетенката е идеална фризура за летните горештини.

Голем цвет во косата
Ако сакате да привлечете внимание со својата коса која едноставно нема форма каква би сакале, ставете голем цвет во косата. Безразлика дали ќе го прицврстите на коњско опавче или на некој друг начин.

Залижано опавче
Ова дефинитивно е за жени на кои брзо им се масти косата, имаат ретка коса или нивната коса едноставно има лош ден. Залижано виско коњско опавче е совршена опција, бидејки така ќе изгледат уредно и никој нема да примети дека нешто не е во ред со вашата коса.

Опавче со волумен

Ако залижаната коса не ви стои добро или тој стил не ви се допаѓа, ова е втора опција која може да ја пробате. Оваа фризура добро им стои на жени кои имаат погуста коса. Прво што треба да направите е лесно да ја истапирате косата, само површинскиот дел измаснете го и врзете го опавчето.Потоа лесно истапирајте го и опавчето, па испрскајте лак за коса.

Венче  за коса

Лентата за коса може да биде совршен начин да ја скротите немирната коса, посебно шишките и да постигнете косата да ви стои мирно без многу труд. Купете венчиња за коса со различни дебелини , материјали и менувајте ги во согласност со облеката која ја носите.

Фризура со шноли

Шнолите од секогаш биле совршен додаток за скротување на немирната коса. Може да се користастат од наједноставни “невидливи“ укосници до оние со украси. Без разлика дали со нив ќе ги прицврстите шишките, премен од косата или плетенки, тие се совршени за сите прилики.

Марами во коса

За жал, не им стојат на сите жени подеднакво добро, ако сте една од оние на кои добро изгледаат со марама, ова дефинитивно е опција која мора да ја пробате. Прво побајте како се може да ја врзете марамата и која ширина најмногу ви одговара. Кога тоа ќе го совладате науро ќе ви бидат потребни само неклку минути да ја наместите фризурата.

Ленти во коса
Не морате да бидете девојче за да носите ленти во косата. Малку експериментирајте да го најдете обликот кој најдобро ви стои, која боја, начин на врзување или ширина. Не смеете да изгледате како девојченце, бидејки ќе изгледате смешно и несериозно, туку би требало да изгледате слатко.

Длабок патец на страна

Кога косата едноставно ќе откаже послушност, ова е еден од начините како да се справите со фризурата за само неколку минути. Имено, со префрлање на косата од една страна на друга ќе го промените нејзиниот природен пад, што ќе ви даде сосема нов изглед и волумен. Прицврстете ја косата со шнола и спремни сте за излегување.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk