Убавина

Десет стратегии за слабеење без “нус” појави

Помалку се јаде во машко друштво, ако порциите се послужени во мали чинии, кога нездравата храна ни е далеку од очите, и декларациите на пакувањето редовно се читаат.

Мала чинија, пиење вода пред јадење и слични вакви ритуали позитивно се одразуваат на вашата килажа, докажано од анализите на институтот “McGill “кои ги вклучуваат и резултатите од предходните анализи во истата област. Дури и друштвото во кое јадеме има влијание на тоа колку ќе изедеме, објаснува авторката на оваа студија, Laurette Dube.

“За прв пат ја тестиравме ефективноста на малите тактики во исхраната и откривме дека тие се поуспешни од било која диета до сега.” –  вели таа.

Мала чинија

Според оваа анализа, докажано е дека луѓето во просек  ќе изедат 20% повеќе ако јадат во големи чинии.

Голема виљушка

Според анализата не треба да јадеме со мала виљушка, затоа што така се јаде многу повеќе. Правилото е голема виљушка и мала чинија.

Јади во машко друштво

Ако сте жена јадете во машко друштво, бидејќи така гарантирано многу помалку  ќе изедете . Објаснувањето на ова е дека малата порција симболизира женственост и влијае на привлечноста.

Читај декларации

Оние кои редовно ги читаат декларациите на прехрамбените продукти јадат околу 5% помалку маснотии во споредба со оние кои не се замараат со читање.

Вода пред оброк

Оние кои редовно пијат вода пред оброк, во просек тежат неколку килограми помалку од оние кои не пијат.

 

Избегнувај светло навечер

Ова подразбира гледање ТВ навечер и седење пред компјутер. Силното светло навечер го пореметува метаболизмот и предизвикува “ноќно прејадување”.

 

Сокриј ја нездравата храна

Здравата храна и полезните грицки треба да бидат на видно место, додека чипсот и чоколадата треба да бидат сокриени да не не искушуваат. Со секојдневното грицкање нездрави намирници внесуваме дополнителни 200 до 300 калории, а не би се сетиле да јадеме ако не ни е таа храна пред очите.

Внимателни во друштво

Луѓето повеќе јадат ако се во друштво на пријатели, за разлика кога се во непозната компанија. Ова се темели на слободата која ја осеќаме кога сме со своите блиски и пред нив не мораме да глумиме дека јадеме малку и не сме алчни.

Во друштво на слаби луѓе

Во друштво во кое сите се со витка линија и тврдат дека имаат брз метаболизам, треба да внимавате. Според анализата повеќе јадеме во друштво на луѓе со брз метаболизам и слаби, отколку кога сме во друштво на покрупни луѓе.

Реклами со вежби

Факт е дека вежбањето исцрпува, но сличен ефект има и гледањето кога некој друг вежба. Експертите тврдат дека луѓето повеќе јадат ако предходно гледале реклама за спортска опрема каде другите вежбаат.

За разлика од сите останати ригорозни диети, оваа е најлесна и најефикасна. Вреди да се проба!

Напиши коментар