ШоуБиз

Ди Каприо е дефинитивно соло! Девојки во поход:)

Пријателите на Леонардо ДиКаприо тврдеа дека никогаш досега не го виделе посреќен и беа уверени дека конечно е заљубен и дека во најскоро време ќе ја запроси Блејк Лајвли. Сепак, се чини дека 36-годишниот актер не најде сродна душа дури ни во 12 години помладата ѕвезда од серијата „Gossip Girl“.

Леонардо и Блејк ја прекинаа врската која траеше околу пет месеци.

Веста ја потврдија и портпаролите на двајцата, а според нивните зборови, поранешните љубовници засега ќе останат само пријатели.

Двете холивудски ѕвезди за прв пат се фатени заедно на Канскиот филмски фестивал и тоа како разменуваат нежности на јахтата на Стивен Спилберг.

Доста патуваа заедно во изминативе пет месеци, а папараците успеаа да ги уловат во Венеција, Калифорнија и Њујорк. Лајвли пропатувала илјадници килиметри за да биде со Лео за снимањето на неговиот филм „Големиот Гетсби“ во Сиднеј.

Пријателите на Лајвли велат дека таа го освоила со своите кулинарски способности, бидејќи тој досега никогаш немал девојка што знае да готви.

Сите помислиле дека врската е сериозна кога Лео ја запознал поранешната девојка со своите родители, а најверојатно и таа го помислила истото. Сепак, имало нешто што еден од најпосакуваните ергени сепак нема да застане пред олтарот

Напиши коментар