Поп кралицата Мадона долго време ја носи титулата на модна диктаторка и фитнес гуру. Посилна е од времето, секогаш изненадува со својот совршен изглед, таа е вистински пример за негувана жена и за тоа дека ако се сака може да се изгледа добро и после педесеттата. Меѓутоа ваквото тело не е дар од бога. Заслужни се многу фактори како физичката активност, јогата и постојаното придржување на определен режим на исхрана. Личниот диетолог кој и помага за одржувањето на идеалното тело е Реј Кибартас. Ви предлагаме да ги погледнете советите на Реј. Еве некои од основните правила на режимот на исхрана:
– Важно е да се запази соодносот на маснотии, белковини и јаглехидрати во следнава пропорција 30: 30: 40
– Не ги искључувајте мастите наполно од исхраната, неопходни се за правилен развој и функции на организмот.
– Кофеинот спаѓа во групата на “забрането”.
– Заборавете на чоколадата. Ако е на прагот на нервен слом, Реј и дозволува да се почасти со своите омилени чоколадни бомбони. Ако и вие стигнете до таму, направете компромис со едно парченце чоколада.
Ви претставуваме дел од менито на Мадона:
Појадок: Овошје по избор, едно јајце, парче диетален леб.
Ручек: Парче варено бело пилешко месо, зеленчук, парче диетален леб и малку мајонез.
Вечера: Порција пилешко, риба или телешко месо, зеленчук, макарони и печени компири.