Деновиве се шпекулира дека Леонардо ДиКаприо е во врска со еден од Викториините „ангели“, односно со Ерин Хитертон.
Леонардо е сликан во прегратките на американската манекенка за еден од најпознатите брендови за долна облека, Ерин Хитертон.
По долгогодишните врски со Жизел Бундшен и Бар Рафаели, кратката афера со австралијанската манекенка Алис Крафорд и романсата со Блејк Лајвли, Лео овој пат ја „смува“ светски познатата манекенка – ангел.
Моментално и двајцата се наоѓаат во Сиднеј каде ДиКаприо го снима филмот „Големиот Гетсби“.
