man fashion

Диор колекција за мажи

За оние со префинет вкус Диор ја подготви колекцијата наменета за ладните зимски денови. Гламур, елеганција, стил и црна боја. Тоа се одликите за колекцијата за мажи за оваа зима.

Класични панталони кои се широки, искомбинирани со елегантни палта и кошула одоздола. Сите тие ускладени во сродни тонови. Диор целата своја колекција ја направи во црна и сива боја. Доколку не може да си приуштите некое парче од оваа извонредна колекција, тогаш земете идеја за тоа како да ги искомбинирате парчињата облека и при тоа да изгледате модерно.

Напиши коментар