Во прилог на купишта на хемиски состојки кои ја тероризираат нашата кожа, понекогаш е добро да ја негуваме на природен начин.
Камилица за сите брчки
Состојки:
*50 г камилица
*100 мл млеко
*15 г мед
Во топло млеко прелијте цветови од камилица, оставете ги да се оладат, па потоа исцедете ги, додадете мед.
Бршлен за капилари
Состојки:
*20 г бршлен
*250 мл вода
*15 г мед
*5 дл бадемово масло
*путер
Листовите од бршлен сварете ги во вода, изладете и исцедете. Додадете мед и бадемово масло и путер колку е потребно за маската да биде густа.
