Мода

Доаѓа зимата… изберете го вистинскиот капут

Не е тајна дека секоја сезона, дизајнерите имаат примери од трендови околу кои ги градат своите нови колекции. Оваа сезона модата е разнолика, па кога се во прашање модерните капути можеме да пронајдеме некои сосема нови трендови, меѓутоа и некои од минатите сезони кои се уште не се излезени од мода.

Еден од водечките трендови е бојата на облеката. Обично во есен и зима неутралните и земјените тонови се секогаш во мода, меѓутоа не и оваа сезона. Дизајнерите за оваа есен/зима предлагаат модерни бои како, портокаловата, розовата, сенф боја, морско -сината боја и слично.

Мора да се забележи дека оваа сезона се повеќе се случува капутите да бидат натрупаните и преоптеретените со разни текстури. Свилата се меша со крзно, крзно со кожа, волна со пластика и што уште не.

Меѓутоа старо новиот тренд на елеганција преовладува и тоа елеганцијата на 40 години од минатиот век. Елегантните капути во сите должини се вратија во мода.

Најблиску до она што оваа сезона ќе биде хит, кога станува збор за капутите, е колекцијата на Burberry Prorsum за есен/зима 2011/2012. Оваа колекција ги има сите нови трендови, но и добро познатите од минатите сезони инкорпорирани во прекрасни капути кои пленат со елеганција и сексапил.

Напиши коментар