Art & Crafts

Домашен еликсир за распукани усни

Есента е идеален период за користење балсам за усни. Комбинацијата на ладното време, ветрот и сонцето придонесува кожата непрестајно да се суши. Навикнати сме да купуваме разни балсами за усни, но и тие не се доволни да го спречиме распукнувањето на кожата на усните. Кога усните се суви и груби, време е за домашен сјај за усни.

Потребни состојки се 12 свежи брусници, 2 мали лажици мед, 1 лажица етерично масло од бадем.

Ставете ги состојките неколку минути во микро печка, за медот да добие течна состојба. Потоа, со миксер измешајте ги додека не добиете кремаста маса. Доколку не успеете целосно да ги иситните брусниците, исфрлете ги остатоците. Со тоа, сјајот е спремен за употреба.

Ќе бидете изненадени од резултатите.

 

Напиши коментар