ШоуБиз

Досега необјавени слики од Мерлин Монро

Овој секс-симбол ни по својата смрт не престана да ја интригира целата јавност. Во последно време, текстовите и статиите за неа ги полнат весниците низ светот, а од разни архиви се појавуваат досега невидени материјали од нејзиниот живот.

Мерлин Монро и понатаму ја скокотка љубопитноста на јавноста. Во последниве години се пронајдени писма кои таа ги праќала, гардероба која ја носела, а за потребите на филмовите, нејзината улога е постојано на аукција.

Списанието „The Sun“ објави досега невидени слики на Монро: во розев фустан кога имала само 25 години, како си игра со своето куче, со Реј Антони  и пред позадина со ноти. И овие фотографии ќе се најдат на аукција, а заинтересираноста веќе е огромна.

Write A Comment