ШоуБиз

Душо, време ти е за стилист!:)

Колин Руни, жената на фудбалерот Вејн Руни, се појави повторно пред камерите и погодете… пак, моден промаршај! Се чини дека понекогаш парите не можат да ни го купат и стилот, ама па затоа постојат стилисти…

Таа има милиони фунти на својата сметка, но тоа изгледа не ѝ е доволно за да изгледа добро. Плус, не е ова прв пат да ја видиме во промаршена комбинација.

Иако носи дизајнерско име, овој фустан е оценет како чиста утка, бидејќи е мешавина од разни материјали и дезени кои никако не одат заедно.

И излегувањето во овај црвен фустан не е оценет со висока оцена.

А, овој пат кога се враќала дома од шопинг, модните критичари заклучиле дека дефинитивно ѝ е потребен стилист.

Write A Comment