Џастин Бибер снимил необична реклама.
Иако оваа тинејџерска ѕвезда одамна им ги има украдено срцата на многу девојки ширум светот, тој направил и чекор понатаму.
Не му беше доволен најновиот парфем „Someday“, кој го креирал специјално за своите обожавателки, ами се решил и да сними видео во кое им се обраќа на татковците на женскиот дел од својата публика.
Бибер им порачува на татковците да бидат среќни што ќерките им се вљубени во него, а не во некој проблематичен тип од соседството.
Сега, фала Богу, на некои оваа оригинална реклама им се допаѓа, а на некои не. Видете и оценете сами:
