ШоуБиз

Џастин Тимберлејк исполнува желби на Јутјуп обожавателки

Џастин Тимберлејк го исполни ветувањето и отиде на балот на маринците во Ричмонд, заедно со Келси Де Сантис. Откако Келси го покани уште пред неколку месеци да отиде со неа на балот, Џастин ѝ ветил дека ќе ја придружува, а тоа ветување го исполни дури завчера вечерта.

Сопругите на маринците кои биле присутни на балот изјавиле дека Џастин трпеливо позирал за фотографите и дека се однесувал многу нормално. Неговата придружничка Келси, ден пред балот изјавила дека се подготвува за танц со познатиот пејач и актер.

–   Искрено, мислам дека нема да може да издржи и да држи чекор со моите луѓе, – рекла Келси.

Таа додава дека за поканата на ЈуТјуб ја инспирирал нејзиниот колега, наредникот Скот Мур, кој неколку дена претходно на истиот начин ја повикал Мила Кунис на танц.

Напиши коментар