Џенифер Лопез (42) и нејзиниот доста помлад дечко Каспер Смарт (24) се сликани како уживаат на Хаваите. Постојано си разменувале нежности, а кога Џеј Ло сфатила дека ја сликаат, се сокрила во прегратката на Каспер. Подоцна, двајцата се забележани на плажата како си играат со близнаците на латино дивата.

Е, сега Џеј Ло не може никако да ја негира врската со младиот танчер. Фатени се како нежно се галат, како пијат коктели и уживаат во меѓусебното друштво на Хаваите.

Иако, Каспер пробал да ја заштите Лопез од папараците, тие сепак, успеале во својата намера да обезбедат докази за јавноста. А, од сликите, се гледа дека и близнаците одлично го прифаќаат новиот „татичко“.

