Бредли Купер беше виден во Лос Анџелес во саботата со жена за која папараците тврдат дека е Џенифер Лопез. Според сликата, жената која си го покрива лицето со дланките неверојатно личи на Лопез и многу е верно дека се работи за неа.
Еден извор вели дека двајцата биле заедно во саботата, а тие не даваат никаков коментар за случувањата.
Ова не е прв пат Џенифер Лопез (42) да биде видена заедно со Бредли Купер (37). Минатиот месец вечераа заедно во Њујорк, по што изјавија дека вечерата е деловна и дека нема ништо помеѓу нив.
Но, изворите тврдат дека тие се во постојан контакт. На Лопез ѝ годи вниманието на Купер и тоа што најверојатно таа многу му се допаѓа. Плус, и на Лопез и се допаѓа актерот.