Младиот љубовник на Џенифер Лопез, Каспер Смарт потврди дека таа е жена која секогаш знае што сака и тоа секогаш го добива.
Имено, новиот дечко на Џеј Ло обожава да брбори, па на својот најдобар пријател му кажал што сè доживеал во кревет со оваа пејачка ѕвезда.
– Има неверојатно тело, изгледа многу подобро од повеќето кои имаат дваесет години. И во кревет е незаситна, никогаш не ѝ е доста, – му се доверил Каспер на пријателот.
Лопез и Смарт се запознале пред шест месеци, кога таа го ангажирала како играч за својата светска турнеја. Пријателите на Џеј Ло тврдат дека таа со него само се забавува и дека таа врска, која има само сексуална природа, нема никаква иднина.
