Латино ѕвездата која неодамна објави дека на нејзиниот 7-годишен брак му дојде крај и понатаму работи со полна пареа.
Секако, се работи за Џенифер Лопез, која овие денови е во Буенос Аирес и го снима шоуто кое го започна со поранешниот сопруг Марк Ентони, додека сеуште беа во брак. Џенифер е на снимањето, а Марк сеуште се нема појавено, па дали тие двајца ќе се сретнат во Јужна Америка и понатаму е непознато.


Засега, и двајцата имаат коректен однос еден кон друг, пред сè поради двете заеднички деца. Од друга страна, се чини дека Лопез сеуште не го преболела Марк.

За секој случај, Џеј Ло си ја има кариерата и работата. Многумина велат дека никогаш не изгледала подобро отколку во моментов. А вие што мислите? Погледнете и оценете!

