Иако ја поврзуваа со актерот Бредли Купер, Џенифер Лопез сепак се наоѓа во прегратките на нејзиниот танчер, двојно помлад од неа.
По разводот со Марк Ентони, латино ѕвездата Џеј Ло многу брзо си пронајде рамо за плачење. Неколку пати досега ни има покажано дека нема намера да ја крие својата врска со танчерот Каспер Смарт.

Овој пат е фатена како се бакнува со него и како си разменуваат нежности пред танчерското студио во Лос Анџелес. На раката на Лопез, сеуште може да се забележи еден голем прстен кој наликува на тој што ѝ го подарил Марк Ентони.


