Актерот Џејмс Франко ќе ѝ се придружи на Аманда Сејфилд во биографскиот филм по име „Lovelace“ во кој се работи за една порно ѕвезда, која откако ја напуштила индустријата која работи на филмови за возрасни, го обвинила својот сопруг дека ја злоупотребувал и со хипноза ја вовлекол во светот на порнографијата.
Порно актерката Линда Лавлејс ќе ја игра ѕвездата од филмот „Mamma Mia“, а Франко ќе ја игра улогата на Хју Хефнер, основач на списанието „Плејбој“.
Питер Сарсгард ќе биде во улога на продуцентот Чак Трејнор кој е во брак со Линда.
