man fashion

Џејмс Франко заштитно лице на Гучи… одело по мерка:)

Сексапилниот актер од филмот номиниран за 6 Оскари – „127 часа“, Џејмс Франко (33) стана заштитно лице на новата услуга на модната куќа Гучи – изработка на костими по нарачка. Згодниот Џејмс веќе има соработувано со Гучи, и тоа како заштитно лице за нивниот парфем „Gucci by Gucci“, за кој сними и реклама.

Во новата рекламна кампања која се вика „All The World’s A Stage“, актерот позира во луксузни одела во познатото римско студио Чинечита, во кое се имаат снимано многу познати италијански филмови од педесетите и шеесетите години на претходниот век.

Благодарение на новата услуга на Гучи, мажите сега имаат можност да си нарачаат одело со потпис на Гучи, но по нивна мерка. Можат да бираат меѓу 82 материјали и 178 комбинации на бои.

Напиши коментар