ШоуБиз

Џејн Фонда со совети за секс и на 70 години!

Актерката Џејн Фонда, која последниве години активно се занимава со фитнес и аеробик за стари луѓе, открива неколку совети за сексот на старост, во кој таа и те како знае да ужива. Џејн, која има 73 години, смета дека тајната лежи во вежбањето и во флексибилноста.

–  Не морате да сакате секс на старост ако не сакате и тоа е во ред. Но, ако сакате, морате да останете флексибилни, здрави и да се чувствувате добро во својата кожа, – коментира Џејн.

Актерката која три пати го има кажано судбоносното „да“ вели дека сеуште ужива во сексот и тоа повеќе од кога била млада и дека тоа е благодарение на редовната активност.

–  Сега сум посреќна, сексот е подобар и повеќе го разбирам животот. Не копнеам повторно да сум млада. А како сеуште изгледам олку младо? Околу 30% им должам на гените, 30% на добриот секс, 30% на вежбањето и на здравиот начин на живеење, а последните 10% благодарение на мојот пластичен хирург, – изјавува Фонда.

Напиши коментар