Оваа убава актерка неодамна беше прогласена за најсекси жена на светот. Додека медиумите шпекулираат за нејзината бременост, Џенифер Анистон реши да ја открие вистината за себе и со тоа разочара голем број на нејзини обожаватели ширум светот.
– Не велам дека не сум пробала ботокс и колаген, со цел да ги прикријам трагите од стареењето на моето лице, но сфатив дека тоа не е за мене. Сите тие козментички глупости ми се смешни. Меѓутоа, својот тен го „бојам“ со солариум или хемија за да не ми се познаваат пегите од сончањето, – изјавила Џенифер Анистон и со таа изјава разочарала многу луѓе.
За жал, многумина сметаа дека Џен е 100% природна, но уште еднаш се потврди дека природно кај познатите е ретка појава.
