Убавина

Џенифер Анистон советува како да бидеме посилни од времето!

Ѕвездата од култната серија “Пријатели”, Џенифер Анистон е една од ретките јавни личности која никогаш не добила негативна критика во однос на нејзиниот секогаш безпрекорен стил, изглед на косата, кожата на лицето и формата на телото. Секогаш е една од првономинираните во класациите за најубави жени во светот. Таа не крие дека вложува доста време и труд во грижата за нејзиниот изглед, па затоа да погледнеме што таа советува :

Кога станува збор за шминка, секогаш избирајте телесни нијанси. Таа сака нејзината шминка да биде едноставна и минималистичка, па затоа најчесто користи кармин во телесни нијанси или беж боја, кафејави сенки за очи кои и придаваат природна убавина.

Бидете активни- Анистон не секогаш тренира со часови но секогаш наоѓа време за 20 минути кардио вежби секој ден.

Покажете ги своите најдобри страни – Џенифер се радува на резултатите постигнати со тренинзите и затоа често ги покажува нејзините идеално оформени нозе и раце во кратки фустани без ракави. Таа определено знае што има и како да го покаже.

Пијте многу вода – да, сме го кажале ова многупати до сега, но навистина водата прави чуда. Таа пие секојдневно по 12 чаши вода.

Сјај но не и блесок – актерката користи хидратантни креми со лесна боја како и безбојна основа, што и придава младолик изглед. Џен исто така внимава да не претерува со нивната употреба, за да не придобие кожата мрсен блесок бидејќи тоа не изгледа убаво.

 

Напиши коментар