ШоуБиз

Џеси Џеј со вештерски стил, ама и личи…:)

Изгледа дека Џеси Џеј веќе почнала да се подготвува за Ноќта на вештерките. На доделувањето на МОВО наградите во Лондон, пејачката се појави во даркерско издание во кое искрено, многу наликува на Мортиција од семејството Адамс.

Популарната пејачка носеше долг црн фустан со чипкаст горен дел, дело на креаторот Џулиен МекДоналд, а својата препознатлива боб фризура ја замени со виткана коса зачешлана на едната страна. Со суперпопуларна портокалова сенка и црвен кармин на белото лице, Џеси уште повеќе остава впечаток на мртовец. Но, без оглед на чудниот изглед, Џеси таа вечер имаше доволно добра причина за да слави, бидејќи собра дури четири награди.

23-годишната пејачка, видно возбудена извика: „Од нула станав херој“!

Напиши коментар