ШоуБиз

Џесика Алба си бара милионче

Џесика Алба ја тужи компанијата која произведува препарати за слабеење и од неа бара еден милион долари. Причината е бидејќи нејзиниот лик е злоупотребен во реклама без нејзино знаење.

Кога сфатила дека компанијата „Belly Bandit“ го користи нејзиното име за промоција на производите за слабеење по пораѓање, Џесика многу се налутила. Веднаш решила да поднесе тужба од милион долари поради неовластено користење на нејзиното име и фотографии на интернет страната на компанијата.

Штом пристигнала тужбата, компанијата го тргнала името на Алба од интернет страната. Актерката, исто така, барала и дел од профитот кој компанијата го остварила на нејзина сметка.

Откако ја роди втората ќерка, Алба призна дека има мали потешкотии да си ја врати некогашната телесна тежина, иако вежба по 45 минути дневно и здраво се храни.

Напиши коментар