ШоуБиз

Џесика си се гордее со себе! Згодна била:)

Пејачката Џесика Симпсон на доделувањето на наградите FFaNY во Музејот за модерна уметност во Њујорк се појавила во краток и припиен, црвен фустан со кој додатно ги истакнала веќе прилично големиот труднички стомак. За среќа Џесика и нејзиниот вереник Ерик Џонсон не ја кријат возбудата за приновата во семејството.

Неодамна пејачката изјави дека ужива во бременоста.

–  Бременоста е измислена за мене, можам засекогаш да бидам трудна. Многу сум поврзана со своето тело и сакам да имам многу деца.

Таа вели дека едвај чека да го дознае полот на бебето, за да почне да купува работи потребни за приновата која треба да пристигне на свет следната пролет.

Write A Comment