Џесика Симпсон обожава да носи тесна облека со што би ја нагласила својата трудничка фигура.
– Обожавам да го покажувам трудниот стомак, многу ми е забавно. Подебела сум од било кога, но се чувствувам многу поврзана со своето тело, – изјавила Симпсон, која го очекува своето прво дете со свршеникот Ерик Џонсон.
Таа вели дека за време на бременоста променила доста навики, но и дека нема намера да се откаже од омилените чевли.
– Докторот ми препорача да не носам чевли со високи потпетици. Му реков: „Извинете докторе, но јас планирам да раѓам со нив“, – видно возбудена вели Џесика.
– Сакам моето дете да мисли дека сум кул родител! – завршува.
