Актерската двојка Анџелина Џоли и Бред Пит уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело, донирајќи ѝ 340.000 долари на Сомалија која е погодена од сурова војна.
Одлучено е средствата да се донираат за здравствена заштита на децата без дом во Сомалија кои живеат многу тешко поради моменталната граѓанска војна и гладта.
На овој чекор се одлучиле откако Анџелина неодамна ја посети оваа земја и тоа како амбасадор на добра волја при Обединетите нации. Оваа титула Џоли ја има веќе цели 10 години, а била во посета и на Авганистан, Пакистан и Иран. На своите патувања се има сретнато со многу бегалци кои ги напуштаат своите домови поради немањето храна и поради војните.
Американските статистики тврдат дека поради недостатокот на храна, во југот на Сомалија досега има починато околу 29 илјади деца помали од 5 години.
Па, браво за Џоли и Пит!
