Иако се чини дека убавата актерка има се во животот, таа сепак во интервју за американскиот магазин „Marie Claire“ изјавила дека постои нешто што и недостасува, а тоа се другарките.
„Би ми било убаво да глумам со други девојки, но ако сте забележале ниту во филмовите во кои глумам немам другарки“, изјавила Џоли и додала дека главната причина за тоа е дека не е блиска со жените.
„Па, имам неколк пријателки, но, едноставно многу време поминувам дома. Не сум многу друштвена. Повеќе сум врзана за дома“, изјавила актерката.Таа додала дека со Бред разговара буквално за се и дека тој е единствената личност пред кого таа целосно се отварала.

Многумина сметаат дека за недостатокот на пријателки е виновна нејзината репутација како „крадливка на мажи“, но постоела една јавна личност која не се чувствуала загрозено од актерката, а тоа е пејачката Гвен Стефани, со која Џоли се дружи од 1998 година од моментот кога се запознале.
Децата на Џоли и Гвен се на иста возраст, па многу често заедно ги прославуваат нивните родендени и се дружат.
