Холивудската актерка Анџелина Џоли изјавила дека нејзиниот првичен план бил да стане гробарка или дел од погребалната служба. Таа додава дека инспирација за да ја одбере оваа професија ѝ бил моментот кога се потресла поради начинот на кој бил погребан дедо ѝ.
– Знам дека звучи чудно, екцентрично и мрачно, но многу се потресов кога го изгубив дедо ми, а и за време на самиот погреб, – вели Џоли.
– Тоа што некој умира, начинот на кој подоцна семејството се носи со тој факт и она што смртта всушност претставува се две сосема различни работи. Да не ми успееше карирерата со актерството, би го избрала тој животен пат, – заклучува Анџелина.
