ШоуБиз

Џоли се смири со татко и, си го сака таа татичко:)

Холивудските актери Анџелина Џоли и нејзиниот татко Џон Војт не разговараа веќе цела деценија, но судејќи според зборовите на познатиот актер, ситуацијата е подобрена и тие двајца конечно ги решиле несогласувањата.

Џон Војт (72) ја обвинил својата ќерка Анџелина во 2002 година дека има ментални проблеми. Анџелина не му останала покусо. Го обвинила татко си дека ја изнверува својата сопруга, т.е. нејзината мајка. По низа години тие двајца немале никаков контакт, а по инсистирање на Бред Пит, скараните татко и ќерка се нашле во Венеција и смирено разговарале.

Сега, Џон тврди дека сè е во ред и дека многу ги сака своите внуци, и биолошките и посвоените.

– Одеднаш работите се променија. Ми се врати ќерката и семејството. Многу ми е мило што се смирив со мојата Енџи. Си ги сакам внуците, тие се моја голема љубов. Кога ќерка ми ќе ме види со внуците вели дека сум многу поразличен од порано, со нив секогаш се смеам и сум среќен. Тоа и неа ја усреќува, – изјавил Џон Војт.

Напиши коментар