За Божиќ, оваа година, Џон Леџенд ја славеше својата свршувачка. Пејачот ја запросил својата девојка Криси Таиген на романтичен одмор на Малдивите, а веста за јавноста ја потврдил и неговиот портпарол.
32-годишниот Џон, новогодишната ноќ ќе ја прослави работно, со настап во Лас Вегас, а друштво најверојатно ќе му прави и неговата новопечена свршеница Криси. Инаку, пејачот и манекенката се во врска веќе три години.
Криси засега сеуште го нема покажано свршеничкиот прстен во јавност, но и тоа ќе се случи, а се претпоставува дека прстенот ќе го видиме на Нова година.
