ШоуБиз

Џони Деп се чувствува како да го силуваат?

Џони Деп подигна бура со својата изјава дека фотографирањето му се фаќа исто како силување. Згодниот актер за време на фотосесијата за „Vanity Fair“ проговори за некои работи кои го мачат цел живот, и на крај дојде до заклучок дека позирањето пред фотоапарат му е страшно колку и силувањето.

–   Се чувствувам како да ме силуваат. Чудно е тоа. Кога треба да позирам, се чувствувам глупаво и безвезно, – признава Деп.

Додека тој се нервира позирајќи, жените ширум цел свет уживаат кога ќе го видат својот љубимец во некој од ретките едиторијали со него.

Околу сето тоа се крена и доста фама. Портпаролаката на организацијата за жртви на силување и инцести “The Rape And Incest National Network“ побарала средба со актерот за да му објасни некои работи со цел тој да не зборува глупости и понатаму.

–   Фотографирањето понекогаш ја нарушува интимата на луѓето, но тоа никако не може да се спореди со силување. Во САД на секои две минути некој е силуван. Сакаме да го информираме господинот Деп за реалните искуства на луѓето кои доживеале такво нешто и денес се обидуваат да преминат преку тоа. Можеби и самиот тој може некако да ни помогне, – изјавила Кетрин Хал од здружението.

Џони веднаш реагираше и се одбрани со зборовите дека неговата изјава е извадена од контекст.

Напиши коментар