ШоуБиз

Џорџ Клуни со ќофте на чевлите?:)

Џорџ Клуни сподели уште една анегдота со своите обожаватели.

Актерот си признал како дошол до своето куче Ајнштајн, кое во тоа време чекало вдомување и засолниште. Клуни ја нашол фотографијата од кучето на интернет и изразил желба да му даде дом, но госпоѓата на која ѝ се јавил му рекла дека мора и тој да му се допадне на Ајнштајн за да може да го посвои.

–  Ми рече дека ќе го донесе Ајнштајн да се запознаеме и дека тој мора да посака да остане кај мене. Затоа, пред да дојдат, зедов едно ќофте од кујната и го втрив во моите чевли. Кога жената и песот дојдоа, таа рече дека никогаш не го видела кучето така да реагира. Песот просто ми се фрли в нозе и не сакаше да се одвои од мене. Оттогаш, заедно сме веќе година и пол и одлично се сложуваме. Ајнштајн ме обожава и насекаде ме следи. Најверојатно сеуште се сеќава на мене како типот со ќофтето на чевлите, – низ смеа објаснува Клуни.

Write A Comment