ШоуБиз

Џорџ Клуни со новата девојка на романтичен одмор… значи сите ги шие:)

Џорџ Клуни (50) моментално ужива во својата нова девојка, поранешната борачка Стејси Киблер. Дружењето без обврски најверојатно им одговара и на двајцата, па не се замараат каков правец ќе фати оваа либерална дружба. Едноставно кажано, тие максимално уживаат во врската без обврска.

Џорџ Клуни кој одлучил да оди во Мексико, со себе ја понесе и прекрасната Стејси Киблер. Таму се дружат со пријателите и уживаат во морето и во сонцето. Очевидците велат дека Клуни доста се труди околу својата нова девојка. Изгледа дека Стејси (32) ќе го доживее најубавиот роденден досега кој треба да го прослави на 14-ти Октомври.

–        Џорџ е многу љубезен со Стејси. Ѝ обрнува многу внимание и секогаш ѝ дели комплименти.

Овој надежен пар е заедно од крајот на летово, кога Клуни самошто заврши со Каналис. По сè изгледа тој воопшто не жали за неа, бидејќи и нема време од уживање во новата романса.

Напиши коментар