ШоуБиз

Џорџ Клуни за претседател на Сад!?!

Таткото на познатиот актер Џорџ Клуни изјавил дека би сакал неговиот син да се кандидира за претседател на САД. Имено, и самиот Ник Клуни е политичар, а во 2004 година се кандидирал за сенатор на државата Кентаки. За жал, не ги добил изборите.

–        Не знам дали Џорџ некогаш ќе се кандидира за претседател, но знам дека ја следеше мојата кандидатура и воопшто не му се допадна тоа што го виде. Тој разбира што значи компромис, но има став дека во денешната политика треба да се остави што е можно помалку место за компромиси. Мислам дека не би се кандидирал за такво место, иако длабоко во себе се надевам дека не сум во право, бидејќи тој би бил одличен претставник на народот. Во политиката, тоа и се бара, – изјавил Ник за медиумите.

Write A Comment