man fashion

Едноставен и во чекор со модата

Ви здодеа ли од тенденциите кои постојано се менуваат?  Ако е така, погледни ги нашиве идеи за тоа како да бидеш добро облечен без да ги пратиш постојано промените во светот на модата.

Правилото е следново – биди едноставен!

Еве неколку едноставни, а модерни примери

Едноставното никогаш нема да излезе од мода. Ако научиш како да го комбинираш со друга облека, по авангардна, тогаш променливата природа на модните тенденции нема да те плаши.

Кошулите во светли бои идеално ќе изгледаат во комбинација со шал или темна маичка под неа. Или пак светла кошула во комбинација со фармерки.

Друга интересна комбинација е елегантни панталони заедно со спортско сако и интересни чевли-патики. Со ваков небрежно елегантен имиџ никој нема да одрече дека се движиш во чекор со модата.

Едноставните памучни блузи се секогаш правилен избор. Со соодветни патики, колан и сако нема како а да не изгледаш добро.

Купувај најчесто едноставни парчиња облека, зошто едноставноста е најдобриот пријател на модата.

Напиши коментар