Убавина

Едноставни, модерни фризури

Ова се два типа на едноставни и модерни фризури кои може многу лесно да ги направите сами дома.

Единствено што ви треба е фигаро и неколку мали шноли.

Најпрво навиткајте ја косата со фигаро, а потоа истапирајте ја косата од горниот дел на главата. Со помош на шноли прицврстете ја едната страна од косата на другата страна. Од десно кон лево или обратно, во зависност на која страна ја носите косата. Оставете ги навитканите врвови кои ќе ја украсуваат малата пунџа.

Навиткајте ја косата со фигаро. Наместете го патецот. Истапирајте ја косата за да имате поголем волумен. Потоа соберете ја косата со помош на прстите во пределот зад ушите, носејќи ја кон средината. Прицврстете со шноли. Вашата фризура е веќе готова.

Напиши коментар