Керозин

EDO SLR Black Arrow

ЕДО е Германска тјунинг компанија која е позната по одличните тјунинзи на спортски автомобили.

И кога повеќето мислат дека McLaren SLR Coupe-то е добро како што си е и нема потреба да се менува, ЕДО не мислат така. И така одлучиле да ги подобрат перформансите на овој Мерцедес а воедно и да му ја разубават надворешноста и внатрешноста.

Додаден е нов издувен систем, што дава одличен звук, ставени се 21инчни тркачки гуми направени од гума за високи перформанси, и внатрешноста е донаправена со црна карбонска боја.

V8 моторот сега има 722 коњски сили при 7,100 rpm и 890 Nm. Со цел да се постигнат овие бројки нов систем беше вметнат во автомобилот кој го балансира турбо-полначот, а поработено е и на воздушните филтри со цел да “дише” моторот подобро.


Бројките си зборат сами за себе: 100 km/h за само 3,4 секунди а пак 300 km/h за импресивни 24.5 секунди.

Напиши коментар