Доколку сакате да изгледате елегантно на вашата свадба, освен елегантна венчаница потребна ви е и елегантна фризура.
Според списанијата посветени на свадбената мода, оваа година меѓу најпопуларните фризури се пунџите, особено оние направени во стилот на балерините.
Пунџите секогаш биле едни од најомилените и најфаворизираните свадбени фризури, бидејќи тие оддаваат чувство на елеганција и гламур. Погледнете ги најдобрите идеи за пунџи наменети за невести кои сакаат да изгледаат како нежни балерини.











