Австралискиот крикет играч Шејн Варн ја запросил актерката Елизабет Харли и таа му кажала „Да“.
Шејн конечно собрал храброст и на Лиз ѝ го поставил судбоносното прашање. Запросувањето се случило во еден ресторан по романтичната вечера која Шејн внимателно ја организирал и воопшто не го засегале погледите на присутните.
Целата случка не била ни малку интимна и Шејн воопшто не клекнал на колена.
Инаку, двојката е заедно веќе девет месеци, а датумот на венчавката сеуште не е одреден – не им се брза никаде.
