ШоуБиз

Еминем не се сеќава на половина од сопствениот живот!

Еминем призна дека голем дел од животот му е комплетно избришан од сеќавањето и дека всушност дрогата му одзела цели пет свесни години од животот.

Познатиот рапер долго време имаше проблеми со дрогата, а сето тоа излезе во јавност откако го објави албумот „Encore“ во 2004 година. Колку биле големи тие проблеми, потврдува и самиот рапер:

–        Постојано пробувам да снимам нешто, за да не за’рѓам. Многу сум параноичен кога имам креативна блокада. Ја имав цели четири години и тоа ме полудуваше. Колку и да се трудев цело време, не успевав да напишам ништо добро, – признава Еминем.

Освен на дрога, Еминем беше навлечен и на разни пилули, и смета дека баш поради тоа, по излегувањето на албумот во 2004 година, бил помалку креативен.

–        Не знам дали ова ви звучи како изговор, но вистина е дека голем дел од мојата меморија е трајно избришан. Дрогата ми избриша цели пет години од животот, – додава најпознатиот рапер-белец, чии проблеми се родија за време на снимањето на филмот „8-та милја“ во 2002 година.

Напиши коментар