Ги одбројуваме последните сончеви денови за оваа година. Температурите се идеални за повремени прошетки надвор од асфалтираните улици. И во текот на шетањето сигурно сте ги забележале малите слатки желади. Тие изгледаат прекрасно, сигурно многупати сте собрале некој желад и не сте знаеле како да го искористите.
Пред вас еден лесен домашен проект наречен „есенски прстен за салфети“, со кој ќе можете да ја доловите вистинската есенска атмосфера во вашиот дом.
ПОТРЕБНИ МАТЕРИЈАЛИ:
1. Желади
2. Картонски фишек ( пример: од алуминумска фолија )
3. Ножици
4. Лепило
5. Златен акрилен спреј или лак за коса
ЧЕКОРИ:
Исечете неколку обрачи од картонскиот фишек по ваша желба.

На надворешната страна на обрачите нанесете лепило.

Потоа залепете ги желадите во широчина на обрачите.

Почекајте 20 минути да се исуши лепилото и по желба испрскај те ги со акрилен златен спреј или лак за коса.

Нели е прекрасна оваа есенска декорација!!!

