Убавина

Есенски тренд – “тетовирана” линија на очите

Оваа есен на убавината на очите се посветува особено внимание. Приридната шминка со ефект nude остана далеку во летото. Сега смело настапуваат златистите бои и задимениот поглед. Драматичниот поглед е особено актуелен сезонава. Колку повеќе театралност има во погледот толку подобро.

Меѓутоа ваквиот изглед не е едноставен да се долови и бара умешност, палитра од шминки, специални четки и време. Затоа идејата на Диор, самолепливата очна линија, која придава особено драматична визија на окото цели право во десетката. На овој начин шминката представена на ревиите, станува достапна за сите жени.

Лепенките се специално создадени од шминкерите на Диор. За посмелите има и варијанти со сваровски кристали.

Комплетот вклучува 2 црни стикера, 1 сив со кристали, 1 со бел кристал плус специјално лепило.

Напиши коментар