Убавина

Есенски тренд на усните, од природен изглед до јаки бои

Слободно експериментирајте, оваа есен е дозволено од природните бои до јаки бои на усните.

Златното правило кое вели дека кога усните ви се нагласени треба да избегнувате јаки бои на карминот сега не важи.

Сега слободно може да имате нагласена шминка на очите, и при тоа кармин со темна боја.

Оваа есен имаме широка палета на бои кои успешно ќе ги истакнат усните.

Како што може да забележите имате неколку варијанти, јаки бои на усните со јаки бои на сенки, јаки бои на усните со нежни тонови на сенки за очи или пак комплетно нежен и природен изглед.

Досега имавме можност по парфимериите да сретнеме лак за нокти со интензивни и темни бои, а од сега ќе може да си набавиме и по некој кармин со таква боја.

Напиши коментар