ШоуБиз

Ева Лонгорија е спремна за втор брак!

Ева Лонгорија вели дека воопшто не е огорчена поради разводот со поранешниот сопруг Тони Паркер и дека е многу среќна што пронашла нова љубов. Се работи за помалиот брат на Пенелопе Круз, Едуардo.

– Можеби треба да бидам лута и полна со бес, да немам повеќе илузии во врска со љубовта и врските. Но, не сум лута, напротив сум среќна што го пронајдов Еду, – вели згодната „очајна домаќинка“.

Еве изјавила дека еден пропаднат брак нема да ја натера никогаш повеќе да не стапи во брак.

– Постои причина зошто сум се заљубила и омажила. Верувам во тоа, верувам во љубов, и ако љубовта не успеала со една личност не значи дека нема да успее со некоја друга, – вели Лонгорија.

Ева признава и дека ако новиот дечко ја запроси, веднаш би се согласила да се венча со него.

Напиши коментар