ШоуБиз

Ева, убаво ти стои бебенцето…почести не со едно и ти:)))

Викторија Бекам отишла да го погледне фудбалскиот натпревар на кој играл тимот на Бекам – „La Galaxy“. И не дошла сама, ами со својата ќерка Харпер Севен и со пријателката Ева Лонгорија.

Иако Дејвид правел чуда на теренот, очите на девојките во ложата биле вперени на друга страна, односно во најмалиот член на семејството Бекам – малата Харпер.

Актерката Ева Лонгорија не можела да го оддели погледот од Харпер, а кога ја зела в раце, повеќе не ја испуштила. Актерката не ја симнала насмевката од лицето цело време додека си играла со 4-месечната наследничка на Бекамови.

Со оглед на тоа што Ева не можела да се одвои од Харпер и изгледала толку среќно и опуштено играјќи со со бебето, американските таблоиди заклучиле дека одлично би ѝ стоело едно вакво, слатко бебенце.

Write A Comment