Загадувањето на воздухот во просториите во кои живееме и работиме може да биде опасно за здравјето на човекот. Присуството на одредени билки го намалува внатрешното загадување и воспоставува еко-баланс во домот

Внатрешното загадување на просториите е предизвикано со комбинација на разни фактори – штетните состојки кои ги има во мебелот: бојата, лепилото, лаковите; потоа плинот, оџакот на печките; средствата за чистење; пестицидите, канцелариската опрема како што се печатачите и фотокопир-уредите, средствата за лична хигиена… Покрај ова, воздухот се загадува и директно од луѓето (вируси и бактерии), потоа од домашните миленичиња и чадот од цигарите, пренатрупаноста на просторот (како што е во канцелариските простории), слабото проветрување… Воздухот кој го дишиме во домот или на работното место често е многу поопасен од надворешниот.

Единствена и најдобра заштита од штетните влијанија во средината е да го збогатите просторот со што повеќе зеленило, да почнете да развивате еден вид еко – култура.

Присуството на некои билки во домот го намалува внатрешното загадување. За време на фотосинтезата се отвораат порите на листовите и во себе го впиваат јаглерод диоксидот, а го враќаат кислородот. Некои видови растенија имаат посебни ензими и бактерии познати како метилотрофи, кои ги анулираат гасовите и ги метаболизираат штетните состојки што се причина за внатрешното загадување, па затоа се познати и како билки кои го „јадат“ отровот.

Идеално е да распоредите растенија со средна големина на неколку места, но никако во спалната соба, бидејќи за фотосинтезата им е потребна светлина, а кога се во мрак им го апсорбираат кислородот на луѓето кои во неа спијат.

Ова се некои од билките кои го прочистуваат вашиот дом и работните простории и со нивна помош ќе можете да дишите чист воздух.

Гербер

ја намалува концентрацијата на формалдехид, јаглерод моноксид, хидроген цијанид од испарувањата на радијаторите и од чадот од цигарите.

 

Хризантема

ја намалува концентрацијата на сулфур диоксид присутна во производите за автомобили и во опремата за греење, како и концентрацијата на формалдехид.

 

Алое

ја намалува концентрацијата на формалдехид.

 

Лилјан

ја намалува концентрацијата на конзерванси за дрво и на амонијакот.

 

Кактус

ја намалува концентрацијата на испарливите органски материи и го апсорбира електромагнетното зрачење.

 

Папрат

ја намалува концентарцијата на формалдехид, а ја има во мебелот, пластичните кеси, детергентите, ткаенините и пердињата.

 

Фикус

ја намалува концентрацијата на штетните гасови како што се јаглерод диоксидот и моноксидот, кои најчесто се произведуваат во кујната додека се готви, со апаратите за домаќинство, од печките без вентилација и од чадот од цигари. Оваа билка ја намалува и концентрацијата на триелин кој го има во лепилата, боите и лаковите, познати како полу-органски споеви.

 

 

Напиши коментар